Средба Ковачевски – Гелштад: Унапредување на соработката со Норвешка и поддршка за евроинтеграциите како геостратешки важни

Светот и Европа се големи предизвици на планот на енергетиката и во прехранбениот сектор, поради војната во Украина.

Ова е констатирано на средбата на Премиерот Димитар Ковачевски и норвешкиот амбасадор во земјава, Јон Еуген Гелштад, на која разговараа за унапредување на соработката со Норвешка во областа на економијата, правосудството, одбраната – како држави партнери во НАТО.

-На средбата е изразена поддршка за напредок на нашата држава во евроинтеграцискиот процес, како прашање од геостратешка важност за регионот и за Европа.  Премиерот Ковачевски соопшти дека тој и Владата се целосно посветени на поддршка на животниот стандард на граѓаните во државава и на развојна економија, дека земјата е определена кон негување на добрососедските односи исклучиво на база на принципиелност и на европските вредности, а дека надворешната политика поставена стопроцентно на линија на политиките на НАТО и на ЕУ – соопштија од Владата

Премиерот Ковачевски му се заблагодари на амбасадорот Гелштад за искреното пријателство со Норвешка, како држава којашто го поддржа членството на Северна Македонија во НАТО и преку донации помага во реформските процеси во клучни области како што се правосудството, животната средина и одбраната.

-Оцени дека е време да се унапредат трговските односи помеѓу двете земји. Соопштено е дека во Северна Македонија се гледаат потенцијали за инвестирање, при што е разговарано за можните области и начини на соработка, стои меѓудругото во соопштението.