Михаило Подољак – советникот на украинскиот претседател денеска изјави дека Зеленски најверојатно ќе се сретне со неговиот рускиот колега – Владимир Путин дури по, како што наведе, очекуваната голема битка за источен Донбас.
„Украина е подготвена за големи битки. Украина мора да победи, особено во Донбас. И после тоа Украина ќе добие помоќна преговарачка позиција, од која може да диктира одредени услови. Потоа ќе се сретнат претседателите. Тоа може да потрае две или три недели“ – рече Подољак.