Средба Ердоган – Мицотакис во Истанбул

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис в недела во Истанбул ќе имаат средба, објави онлајн изданието на грчкиот весник „Катимерини“.

Ердоган и Мицотакис, според информациите, ќе имаат ручек во резиденцијата на турскиот претседател, а ќе биде во рамките на посетата на Мицотакис на Истанбул во пресрет на Велигден.

„Посетата доаѓа во време кога поради руската инвазија на Украина постои голем интерес, но и загриженост, за новата ситуација што би можела да се создаде во нашиот регион“ – пишува „Катимерини“.