Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска остварила работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер.
На средбата, како соопштија од Владата, се разговарало за новоформираното Министерство, неговите цели, активности и проекти.
Министерката Божиновска ја истакнала важноста за реализирање на нови капитални инвестиции во полето на енергетиката и усогласување на постоечките закони со оние на Европската Унија во делот на енергетиката.
-Неопходно е зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји, имајќи предвид дека стратешката определба е во насока на зајакнување на односите со нашиот партнер САД, , истакнала Божиновска.
На средбата, како што се посочува во соопштението, била нагласена и поддршката на САД во делот на размена на искуства и знаење во сферата на енергетиката и обновливите извори на енергија.