Средбата Зеленски – Трамп ќе решава за најтешките точки од мировниот план
Олександр Бевз изрази очекување дека средбата меѓу Зеленски и Трамп ќе се одржи во блиска иднина, а оти текстот на предлог-мировниот план ќе се финализира во текот на наредните денови. Додаде дека штом Киев и Вашингтон постигнат договор, САД ќе ѝ го презентираат мировниот план на Русија како дел од следната фаза од преговорите.

Измените кои ги предложи Киев во мировниот план на САД сè уште се финализираат, а најтешките прашања треба да ги решат претседателите на Украина и на САД, изјави Олександр Бевз, член на украинската делегација која беше дел од средбата со претставници на САД во Женева.
Бевз вели дека сè уште нема конечна верзија на документот бидејќи некои од прашањата биле изостатени од, како што ги нарече, техничките разговори на средбата во Швајцарија.
„Некои од најтешките прашања ќе ги решат претседателите. Нема многу, но тие се од најголем јавен интерес“, изјави Олександр Бевз за украинските медиуми.
Иако прекинот на огнот е споменат како последна точка од предлогот од 28 точки на администрацијата на Трамп за прекин на војната, Бевз нагласи дека тоа останува важен услов за Украинците.
„За нас, прекинот на огнот отсекогаш бил прв, дури и нулти услов за почеток на мировниот процес“, додаде претставникот на делегацијата на Киев.
Тој изрази очекување дека средбата меѓу Зеленски и Трамп ќе се одржи во блиска иднина, а оти текстот на предлог-мировниот план ќе се финализира во текот на наредните денови. Додаде дека штом Киев и Вашингтон постигнат договор, САД ќе ѝ го презентираат мировниот план на Русија како дел од следната фаза од преговорите.