Срби во Германија чувале илјада садници канабис во напуштен базен

Германската полиција уапси четворица мажи во градот Клеве, од кои двајца по потекло од Србија, под сомнение дека нелегално одгледувале марихуана на парцела надвор од градот.

По анонимна дојава, полицијата дошла на местото на настанот и во напуштен базен пронашла повеќе од 1.000 растенија канабис.

До станбената зграда имало магацин, во чиј подрум бил откриен насад.

Садниците биле во празен базен, пренесуваат германските медиуми.

Покрај млади садници марихуана, пронајдени се и бројни материјали за полевање и потребната постелнина за растенијата, односно 12.500 саксии.

Во близина на плантажата се затекнати четворица машки лица осомничени, двајца српски државјани (27 и 21 година) и двајца германски државјани (28 и 53 години).