Србија ја победи Германија и ја освои кошаркарската бронза на Олимписките игри во Париз

Српските кошаркари ја освоија бронзата на Олимписките игри во Париз.

Во мечот за третото место Србите ги совладаа Германците со резултат 93:83. Србите го контролираа целиот натпревар и Германците никогаш не се доближија.

Успехот на Никола Јокиќ беше 19 поени, 12 скока и 11 асистенции. Србија на тој начин и возврати на Германија за поразот во финалето на минатогодишното Светско првенство во Манила кога Германците го освоија златото.

Тогаш Јокиќ не играше за Србија, но овој пат Србите постигнаа нов успех.

Ова е дури 13. медал од големите натпреварувања за српската репрезентација, со што се потврди статусот на кошаркарска велесила.

Во периодот по распадот на Југославија, Србија освои три европски злата, две сребра и една бронза.