Србија: Синдикатите во образованието одлучија наставниците да не работат в петок – солидарност со студентите

Репрезентативните синдикати на вработените во образованието во Србија одлучија вработените да престанат со работа в петок, во знак на солидарност и поддршка на студентите во борбата за подобро и поправедно општество, се вели во соопштение, јавија српските медиуми

„Во исто време, нашите претставници ќе ги посетуваат студентите на универзитетите и ќе им доставуваат храна и материјали“.

„По консултација со членството, репрезентативните синдикати ќе предложат целосен прекин на работата. Одлуката би била донесена на посебна седница и би се применувала од 28 јануари 2025 година до исполнување на барањата“, се нагласува во соопштението.

Нивните барања се смена на целокупното раководство на Министерството за образование, исполнување на материјалните барања предвидени во потпишаниот Протокол за предучилишни установи, основни и средни училишта, студентски домови и високо образование, потпишување измени на Посебниот колективен договор за вработените во основните и средните училишта и студентските домови, како и намалување на администрацијата.