Србија разгледува две опции за развој на нуклеарна енергија: Традиционална или мали модуларни реактори

Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, денеска изјави дека државата ја добила првата прелиминарна техничка студија за примена на нуклеарна енергија, во која се анализирани различните достапни технологии на пазарот.

Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, денеска изјави дека државата ја добила првата прелиминарна техничка студија за примена на нуклеарна енергија, во која се анализирани различните достапни технологии на пазарот. Во изјава за РТС таа рече дека во игра се и традиционалните нуклеарни централи и малите модуларни реактори,

„Една технологија се уште не е технички и технолошки потврдена. Станува збор за мали нуклеарни реактори што се уште се во развој. Постојат комерцијални нуклеарни централи … додека малите модуларни реактори нудат флексибилност, модуларност и нудат пониски инвестициски трошоци“, изјави таа.

Министерката додаде дека сончевата електрана „Петка“, првата мала државна сончева електрана, ќе биде отворена денеска во Костолац, по што ќе следи завршување на еолскиот парк во Костолац, и дека тие две „зелени“ електрани ќе го покријат снабдувањето со електрична енергија за 35.000 домаќинства.

Зборувајќи за студијата за примена на нуклеарната централа, таа изјави дека документот покажал и дека има простор за интеграција на нуклеарната енергија во преносниот систем, што, според неа, е многу важно и тоа не се смета за можно денес или утре, туку за околу 15 до 20 години.

Според неа, студијата покажала и кои фази мора да се подготват според упатствата на Меѓународната агенција за атомска енергија пред да се влезе во општа изградба на нуклеарен објект.
„Тие фази траат, поточно, првата и втората, некаде помеѓу пет и седум години. Околу нив треба да се завршат дополнителни студии и анализи, но и треба да се формира тело кое ќе се занимава со развој на нуклеарната програма. Моментално сме во процес на формирање на такво тело во рамките на Министерството за рударство и енергетика, секако со претставници на научни институти, но и други институции кои можат да придонесат за таков потфат“, рече министерката. Се проценува дека целиот процес ќе чини околу 30 милиони евра.