Србија почна технички разговори со САД за НИС
Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ изјави дека механизмите вградени во санкциите против рускиот сопственички удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС) се темелно правнички осмислени и дека ќе биде многу тешко за новата американска администрација да ги укине овие санкции без комплексна конгресна процедура.

– Тимот од српското Министерство за финансии денеска почнува технички разговори со Министерството за финансии на САД за условите. Многу наскоро ќе разговараме и со нашите руски партнери за да го најдеме најдоброто можно решение за Србија, изјави Ѓуриќ за РТС, додавајќи дека е оптимист во врска со Нафтената индустрија на Србија.
Тој оцени дека нема да има потреси на енергетскиот пазар во Србија.
Ѓуриќ додаде дека „санкциите против руските компании кои се дел од тековниот конфликт ги погодуваат компаниите во десетици земји и дека не се само компаниите во Србија предмет на овие санкции“.
– За нас е важно да се држиме до нашите принципи и на оваа тема. Никому ништо нема да одземеме. Сакаме фер разговори, го сакаме најдобриот договор за Србија, сакаме да ги почитуваме и договорните обврски, нагласи Ѓуриќ.
Во врска со доаѓањето на Доналд Трамп на претседателската функција во САД и за новата американска администрација, тој изјави дека Србија води балансирана надворешна политика и оти стратешкиот дијалог со САД не е на сметка или штета на односите на Србија со другите меѓународни партнери.