Србија најави жесток одговор на Брисел, Вучиќ ќе ѝ се обрати на јавноста
Според Новости, шефот на српската држава бил шокиран и вџашен по изјавата на портпаролот на Европската комисија Петер Стано, творецот на синтагмата за „одговорност од двете страни“ во случаите кога албански специјалци од РОСУ пукаат во невооружени Срби на Косово, а кој денес ѝ порача на Србија дека е „под надзор на ЕУ“ поради потпишувањето на формалниот План за консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Србија и Русија кој во петокот беше потпишан во Њујорк.
Претседателот на Србија, како што пишува Новости, бил видно револтиран од пораката на Стано и подготвува одговор „без влакна на јазикот“, особено поради тоа што портпаролот на ЕК молчел кога албански екстремисти неодамна се обидоа да убијат српско момче во Бабин Мост или кога во четвртокот 30 вооружени припадници на косовските безбедносни сили упаднаа на северот на Косово, во општината Зубин Поток.
„Тоа Стано го премолчи, но не ја пропушти приликата да ѝ се закани на Србија поради техничкиот план за состаноци на српскиот и рускиот министер за надворешни работи во кој нема ниту една ставка која се однесува на безбедноста“, коментира српскиот весник.