Србија лидер во регионот по инфлација
Според последните податоци објавени во земјите од регионот, Србија е на прво место со годишна инфлација во февруари од 6,4 отсто.
Потоа следат Црна Гора со годишна инфлација од 4,4 отсто (податоците се за јануари 2024 година), потоа Хрватска (4,1 отсто), Словенија (3,4 отсто), Македонија со годишна инфлација од три отсто, Албанија со 2,6 отсто.
Босна и Херцеговина има најниска стапка на инфлација во регионот, која во јануари 2024 година изнесуваше 1,96 отсто на годишно ниво, пишува Нова економија.
Инфлацијата во Србија падна во февруари, од 6,4 отсто во јануари, на 5,6 отсто во однос на истиот месец лани, објави денеска Републичкиот завод за статистика. Цените на производите и услугите за лична потрошувачка во февруари 2024 година, во однос на јануари 2024 година, се зголемени во просек за 0,6 отсто.
Потрошувачките цени во февруари 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 5,6 отсто, додека во однос на декември 2023 година се зголемени во просек за 0,9 отсто.