Србија и Унгарија за европската титула во ватерполо

Во финалето на Европско првенство во ватерполо во Белград ќе играат Унгарија и домаќинот Србија.

Во финалето на Европско првенство во ватерполо во Белград ќе играат Унгарија и домаќинот Србија.

Откако Унгарија ја победи Грција со 15-12 (3-4, 5-4, 4-2, 3-2) во првото полуфинале, Србија синоќа беше убедлива против Италија со 17-13 (5-3, 4-4, 6-3, 2-3) во второто полуфинале.

Душан Мандиќ и Страхиња Рашовиќ постигнаа по четири голови за Србија, додека Филипо Фереро, Матео Јоки Грата и Франческо Кондеми по три пати реализираа за Италија.

Србија водеше од почеток до крајот на дуелот во кој Италија успеваше да одржи приклучок само во првата половина, но во остатокот од натпреварот не можеше да го следи напаѓачкиот ритам на Србија, која постигнуваше голови практично во секој напад.

Финалето е на програмата в недела кога Унгарија ќе се обиде да ја освои својата 14 европска титула, Србија ја бара својата шеста титула како самостојна држава.