Србија е четврта најсиромашна земја во Европа

Србија е четврта најсиромашна земја во Европа во однос на бруто домашниот производ по жител и стандардизирана индивидуална потрошувачка по жител, покажуваат податоците на Европската статистичка служба – Евростат.

Србија лани била 55 отсто под просекот во Европската унија, а нешто подобро стои со индивидуалната потрошувачка по жител, каде се земаат предвид и разликите во цените во одделни земји, каде што е 47 отсто под просекот на ЕУ.

Според податоците објавени од Евростат, минатата година Северна Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина биле посиромашни од Србија.

Во 2021 година, Луксембург и Ирска имаа највисок бруто домашен производ по глава на жител – 168 и 119 проценти, соодветно, над просекот на Европската унија. По нив следуваат Данска со 33 отсто поголем БДП по жител од просекот на ЕУ, Холандија со 30 отсто и Австрија и Шведска со 23 отсто. Најлоша меѓу членките на ЕУ е Бугарија, со БДП по жител за 43 отсто помал од просекот, а претпоследна е Грција, каде е за 36 отсто помал од просекот на Унијата.

Кога станува збор за индивидуалната потрошувачка по жител изразена во однос на паритетот на куповната моќ, Луксембург е на прво место, што е 44 отсто над просекот на ЕУ. Следува Германија со 20 отсто над просекот, Данска со 19, Австрија со 17 и Белгија со 16 отсто над просекот.

На дното на листата е Бугарија со потрошувачка по глава на жител за 35 отсто помала од просекот на Европската унија, а потоа следат Унгарија и Словачка кои се за 30 отсто под просекот, пренесува Бета.