Србија ги олабавува ковид мерките
Во Србија олабавување на мерките во борбата против коронавирусот. Донесена е одлука за укинување на Ковид пропусниците од сабота, соопшти тамошната министерка за труд и социјални прашања – Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.
Ковид пропусниците беа воведени на 23. октомври минатата година и прво важеа по 22 часот, но со зголемувањето на бројот на новозаразени, нивната важност беше продолжена, па се применуваа од 20 часот.
Министерката изјави дека делта сојот на коронавирусот „повеќе не е регистриран во Србија“, а во моментот кога била донесена одлуката за воведување на ковид пропусниците тој бил доминантен и пропусниците биле ефективни за негово сузбивање.
Се задржува препораката за носење маски во затворени простории, а се укинува ограничувањето на бројот на луѓе во затворени простории.
Се препорачуваат дополнителни, четврта бустер дози на вакцината за оние над 18 години, 5 месеци по првата бустер доза, а прифатена е препораката за воведување на бустер доза за вакцинација на деца од 12-18 години.