
Србија бара од САД продолжување на лиценцата и одлагање на санкциите против НИС
Во писмото се истакнува дека целосната примена на санкциите против НИС значително би ја нарушила способноста на компанијата да работи и да им обезбедува енергија на граѓаните на Србија и се истакнува нејзината важност за енергетскиот сектор, економијата и функционирањето на институциите од јавниот сектор.
Владата на Србија денес испрати писмо до Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) при Министерството за финансии на САД, во кое бара продолжување на посебната лиценца што би го одложила целосното спроведување на санкциите против Нафтената индустрија на Србија (НИС) по 28 април, соопшти српското Министерство за рударство и енергетика.
Шефицата на тоа министерство, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ истакна дека побарале продолжување на лиценцата за најмалку 90 дена, со цел да се овозможи НИС да продолжи со своите главни деловни активности додека траат преговорите за постигнување долгорочно решение.
Во писмото се истакнува дека целосната примена на санкциите против НИС значително би ја нарушила способноста на компанијата да работи и да им обезбедува енергија на граѓаните на Србија и се истакнува нејзината важност за енергетскиот сектор, економијата и функционирањето на институциите од јавниот сектор.
„Го искористивме ова обраќање уште еднаш да ѝ укажеме на американската администрација на важноста на НИС за српската економија и дека неможноста на НИС да продолжи со своите тековни активности се заканува сериозно да им наштети на економијата, енергетската безбедност и стабилноста на Србија и регионот“.
Ѓедовиќ Хандановиќ нагласи дека Владата на Србија веќе четири месеци води интензивна дипломатска борба во врска со санкциите против НИС.
Досега на НИС двапати и беа одложувани санкциите.