Полицијата во Загреб извести дека уапсила 25-годишен српски државјанин кој пресретнал три жени и едно дете, почнал да пука и им го украл автомобилот.
Тоа се случило пред три дена околу 21 часот и 30 минути под мостот во градот, а со него биле уште двајца непознати сторители.
Тој пресретнал „форд фокус“, управуван од 30-годишна жена, додека во автомобилот биле уште две жени и дете.
Им се заканил со огнено оружје, пукал двапати во воздух, а тие побегнале.
Им го украл автомобилот и си заминал. Подоцна е пронајдено возилото, а уапсен е 25-годишен маж, објавија хрватските медиуми.