Србин и двајца Шпанци 10 дена пловеле во океан со гумен чамец, без храна и опкружени со ајкули

Никола Николиќ (30), државјанин на Србија кој со денови пловел во Атлантскиот Океан кај Канарските острови, во својата исповед го опишал своето трауматично искуство! Откако бил спасен од сигурна смрт по 10 дена поминати во гумен чамец, Србинот опиша низ што поминал.

Никола кон крајот на јули отишол на риболов со двајца пријатели од островот Тенерифе, но за време на патувањето нешто тргнало наопаку.

Николиќ за шпанските медиуми изјавил дека отишол на риболов со двајца пријатели од Шпанија, но во еден момент останале без бензин.

– Се чувствував исплашено, со денови бевме сами на вода, мислев дека ќе можам да го направам тоа. Брановите го влечеа нашиот мал брод, а повремено ни приоѓаа ајкули. Во еден момент бевме опкружени со ајкули, кои никогаш не сум ги видел одблиску. Бев убеден дека нема да преживееме – раскажа Србинот како се чувствувал за време на „бродската несреќа“.

Иако првите информации беа дека тројцата рибари поминале три дена на отворено вода, Николиќ вели дека дури 10 дена пловеле во гумен чамец без гориво.

Србинот објасни дека со своите пријатели Давид Гомез Перез и Хуан Мануел Перез Сантана планирал три дена да рибари.

– Донесовме храна за тие три дена. Преостанатите седум дена бевме без храна, а последниот ден останавме и без вода и да не дојдеше кинескиот брод да не земе, сигурно ќе умревме. Да останевме таму уште само неколку часа, ќе беше крајот – рече тој и опиша дека почнале да викаат за помош кога оддалеку здогледале брод кој им се приближува.

Бродот кој пловел под кинеско знаме „Син Ан Нинг“ ги спасил тројцата рибари од сигурна смрт.

Станува збор за товарен брод кој одел кон Доминиканската Република, па тројцата спасени мажи отпловиле и кон таа земја. Бродот пристигнал во пристаништето Хаина во понеделникот и мажите биле предадени на доминиканските власти.

Шпанската амбасада успеа да префрли двајца свои државјани во Шпанија, но Николиќ останува во Доминиканската Република во имиграцискиот центар за странци со неправилни документи за престој.

Николиќ, кој во последните два месеци е во Шпанија и вози камион, вели дека сега се чувствува како затвореник.

– Се надевам дека ќе се вратам во Шпанија што е можно поскоро. Верувам дека наскоро ќе го добијам пасошот, а најмногу сакам да се видам со семејството, особено со мојата девојка. Доминиканските власти се во контакт со српската амбасада на Куба и очекувам да се забрза процедурата за што поскоро да заминам од овде – заклучува Србинот.