
Србинка (24) успеала да преживее пад од височина од 30 метри откако под неразјаснети околности паднала од мост по сообраќајна несреќа во Швајцарија.
Уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија, кои биле во сино „бмв“ со Србинка. Девојката се здобила со тешки повреди и се наоѓа во болница.
Несреќата се случила во четвртокот вечерта, кога автомобилот во кој имало три лица од Балканот удрило во заштитната ограда на мостот.
Очевидец за швајцарските медиуми изјавил дека видел жена како стои на мостот по несреќата.
„Ја видов како стои, се чинеше дека не е повредена. Не видов крв, немаше ништо“, рекол тој.
Очевидецот потоа додаде дека кога поминал покрај автомобилот не видел дека во него има две момчиња.
„Мислев дека е млада жена која го уништи автомобилот на нејзиниот татко. Таа ги имаше рацете зад главата, беше шокирана, не видов дека е повредена“, рече тој.
После тоа полицијата соопшти дека девојката паднала од мостот од висина од 30 метри.
„После неколку минути, полицијата и брзата помош поминаа покрај мене. Мислев дека некој веќе повикал полиција. Следниот ден повикав полиција, им го кажав истото“, вели возачот кој случајно се нашол на патот.
Тој се обвинува себеси што не застанал и не и помогнал на девојката таа вечер.
„Не изгледаше дека е во опасност. Постојано се прашувам дали требаше да и помогнам. Да го направев тоа, дали ќе бев на земја. Се молам да закрепне”, додал очевидецот.
Она што останува мистерија во целата приказна е каква е врската меѓу двајцата уапсени Македонци и падот на младата Србинка.
Повеќе детали ќе бидат познати кога ќе заврши истрагата.