Спречен шверц на дрога – 161 килограм кокаин запленет на солунското пристаниште

МВР информира дека вчера Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, во соработка и со заедничка меѓународна истрага со Службата за борба против дрога од Солун, Република Грција, Американската служба за борба против дрога – ДЕА и Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа – СЕЛЕК, успешно е реализирана заедничка операција на недозволена трговија со кокаин, при што во Солун се запленети 161 килограм кокаин.

Од македонското МВР информираат дека вчерашната акција е продолжение на успешната акција од 08 и 09.05 2023 година кога во Солун беа запленети 105 кг кокаин и беа лишени од слобода 10 лица во Грција, и тоа 7 лица државјани на Република Грција и 3 лица државјани на Република Албанија, додека во Република Северна Македонија беа лишени од слобода 4 лица, наши државјани, кои во моментот се притворени и се наоѓаат во истражниот затвор Скопје.

Вчерашната операција е резултат на продолжување на истрагата во која биле откриени 100 пакувања кокаин, односно во секој контејнер биле пронајдени по 50 пакувања со кокаин, со вкупна тежина од 161 килограм. Кокаинот бил пронајден во специјално направени бункери – крипти во шините од подот на двата контејнера.