Полското разузнавање уапси 18-годишен осомничен исламистички бомбаш самоубиец и спречи планиран терористички напад, соопштија официјални лица.
При претресот на неговиот стан нашле докази дека го планирал нападот. Собрал информации и материјали за правење појас со експлозив, се вели во соопштението на ABW.
Осомничениот бил во контакт со луѓе кои тврделе дека се претставници на терористичката група Исламска држава, соопшти безбедносната служба ABW.
Тој планирал да ја нападне зградата на полската влада во координација со луѓето со кои бил во контакт, се вели во соопштението.
„Осомничениот е обвинет за учество во активности на организирана криминална група чија цел била да изврши терористички акт“, соопшти ABW.
„Тој се товари и дека планирал да изврши дело опасно по животот или здравјето на повеќе лица или дело со кое може да се нанесе имотна штета од големи размери. месеци“.
Државното обвинителство води истражна постапка против осомничен за членство во криминална организација со намера да изврши терористички кривични дела.