Спречен терористички напад во Германија – уапсен вооружен маж, кај него била пронајдена експлозивна направа

Германската полиција приведе маж во Хале откако кај него пронашла експлозивна направа, а истражителите претпоставуваат дека се подготвувал терористички напад од десничарски екстремисти.

Обвинителот Денис Чернота изјави дека при претресот на станот на осомничениот пронашле докази дека 36-годишниот Германец ги презира луѓето кои не се вклопуваат во неговиот поглед на светот.

Според јавниот обвинител Чернота, во Хале има неколку жаришта на криминал. За ова се запознаени и полицијата и јавниот обвинител.

Областа Schlossstrasse е секако една од нив. Жителите во полиција пријавиле тензии во станбениот дел со мигранти кои живеат таму.

Инспекторите се сомневаат и дека 36-годишниот маж сам направил експлозивна направа за да повреди и убива луѓе. Неговите точни мотиви се уште се нејасни. Како што соопштија од Јавното обвинителство, во моментов се врши евалуација на документи и носители на податоци.

Осомничениот веќе и е познат на полицијата. Претходно бил осудуван за имотни и насилни кривични дела.