Спречен е четврти обид за атентат врз Зеленски
Контраразузнавачката служба на Украина наводно спречила четврти обид за атентат врз претседателот Володимир Зеленски, пишува германскиот весник „Билд“.
Група руски диверзанти, предводени од агент на тајна служба е уапсена во градот Ужгород на граничното тромеѓе меѓу Украина, Словачка и Унгарија.
Информациите се дека за една недела спречени се дури 3 обиди за убиство на Зеленски. Покрај нападот врз Зеленски во Киев, речиси 25 лица учествувале во извршувањето на серија саботажи во владиниот округ и други делови на Украина.
Според украинските информации, руските шпионски одреди од почетокот на војната неколкупати се обиделе да влезат во Киев и да го елиминираат шефот на државата.