Во тек е 253-от ден од специјалната воена операција што Русија ја спроведува во Украина.
Владимир Рогов, член на Главниот административен совет на Запорожјската област, за Спутник вели дека е спречен терористички напад на нуклеарната централа Запорожје (ЗНПП) – по наредба на режимот во Киев.
Според него, Украина подготвува напад на ЗНПП уште од пролетта бидејќи вооружените сили на Украина оставиле таму скривалиште со експлозивни направи пронајдени на територијата на електраната уште во февруари или март.
Серија експлозии одекнаа во градот Херсон, како и во украинските градови Миколаев, Никопол и Кривји Рих, објавија украинските портали.
Според извештаите, неколку украински медиуми јавија за експлозии во градовите Миколаев и Херсон, како и во градот Никопол во областа Днепропетровск во Украина.
Администрацијата на градот Нова Каховка во областа Херсон во четвртокот објави дека во градот се активирани системи за противракетна одбрана и дека се слушнале повеќе од десет воздушни експлозии.