Според премиерот директорот на АНБ ги исполнувал условите согласно законот
Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски ги исполнува условите согласно законот. Ја повика Антикорупциската комисија во најбрз рок да се произнесе по овој случај по обвинувањата од опозицијата дека Христовски не ги исполнува условите да биде директор на АНБ.

– Тврдам дека сите услови согласно закон се исполнети. Едииствен орган којшто треба да констатира дали тие услови се исполнети е Антикорупциската комисија која ја повикувам да го истражи брзо овој случај. Убеден дека тој ги исполнува условите. Зарем ќе дозволиме такво нешто да се случи. Документот е издаден од 2022 година, дали во меѓувреме постоела или не постоела таа Агенција, тоа е сосема друго прашање, рече Мицкоски по денешните обвинувања од опозициската СДСМ дека е фалсификуван сертификатот по англиски јазик на Христовски.
Мицкоски рече дека доколку се утврди пропуст во случајот со Христовски, ќе побара одговорност.
– Доколку тоа го констатира соодветна институција, а не опозициската СДСМ и исплашените поранешни разузнавачи кои овие агенции за национална безбедност ги претворија во тврдини во броба против опозицијата во времето кога ние бевме опозиција, тогаш да. Но, притисокот којшто доаѓа од овие кодошко-удбашки инсталации во редовите на СДСМ и ДУИ кои треба да не натераат да работиме под пристиок, дополнително ме мотивира, рече Мицкоски на прес-конференцијата во Владата.