Во селото Слупчане, општина Липково утре свечено ќе биде откриен споменик во чест на паднатите борци на ОНА. Настанот на Фејсбук го најави градоначалникот на Липково – Еркан Арифи.
„На 2 мај сите патишта водат кон гробиштата на мачениците во Слупчане, а манифестацијта ќе биде уште повеличествена со откривањето на спомен-кулата“ – напиша Арифи.
Тој изјави дека споменикот го гради фирмата „ХОЏА инженеринг“ и чини 200.000 евра, дека е легален и регистриран во Министерството за транспорт и врски.
Од Министерството за транспорт и врски демантираа дека е побарана, ниту пак била издадена дозвола, а во Министерството за култура велат надлежноста е на Собранието или на единиците за локална самоуправа.
ДУИ го слави 2. мај како ден на бранителите, а датумот со поклопува и со муслиманскиот празник Рамазан Бајрам.