Специјалци на косовската полиција насилно упаднаа во болницата во Косовска Митровица, извршен е претрес

Во Клиничко-болничкиот центар во Северна Митровица утрово имало насилен упад на специјалните единици на косовската полиција, потврди за Косово онлајн директорот на таа институција д-р Златан Елек.

„Првираат претрес во пералната и одредени канцеларии на влезот во болницата. Без никакво знаење од управата и раководството на болницата, јас и д-р Драгиша Миловиќ како директор воспоставивме контакт со нив, ни рекоа дека имаат наредба за претрес од Судот.Се уште се во болничкиот круг, постои голема вознемиреност кај пациентите и кај вработените“, вели Елек.

Во меѓувреме, Euronews Србија дознава дека специјалните единици на косовската полиција го напуштиле периметарот на болницата.

Упадот на косовската полиција во болничките простории предизвика вознемиреност кај вработените, но и кај пациентите.

Формирана е комисија на КБЦ за утврдување на материјалната штета настаната при претресот, додаде Елек.