Специјална акција на грчката полиција во ромска населба во Атина, уапсени 12 лица
Оружје и златници биле пронајдени во специјалната полициска акција во ромска населба во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, со цел спречување на секаков облик на нелегално дејствување, а уапсени се 12 лица.
Според грчките медиуми, во акцијата биле вклучени околу 100 полицајци, додека пак од полицијата соопштија дека учествуваа припадници од повеќе единици, како и полициски кучиња и дрон.
Уапсени биле вкупно 12 лица, кои се товарат за прекршување на законот за оружје, за кражба и кражби на електрична енергија, а при акцијата биле пронајдени и одземени два пиштоли, 747 златни лири и 15 патрони.
– Целта на широката акција беше спречување и справување со каква било форма на незаконско дејствување што е регистрирано во конкретната населба, соопштија од грчката полиција.