Специјален самит во Брисел – ќе се разгледуваат последиците од руската агресија врз Украина

Утре и задутре ви белгиски Брисел лидерите на земјите-членки на ЕУ ќе учествуваат на специјален самит посветен на Украина и последиците за Русија од руската агресија врз таа земја.

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски на почетокот на самитот ќе им се обрати преку видео врска.

Руската агресија врз Украина ја загрози безбедноста на храната, предизвика големо зголемување на цените на енергијата и целосно ја разоткри сегашната политика на потпирање на евтината руска енергија, нафта и гас.

Европската Унија досега воведе пет пакети санкции против Русија од почетокот на инвазијата на Украина, но таа е заглавена на шестиот пакет, кој предвидува ембарго на руската нафта.

Главна пречка е Унгарија, која бара ослободување од забраната за увоз на руска нафта или голема финансиска компензација за нејзината согласност за шестиот пакет санкции.