Органнизаторот смисли оригинален начин на претставување на државите учесници. Место традиционалното дефиле на олимписки стадион, екипите се претставуваат на бродови на кои се сместени спортистите.
Македонскиот екипаж брои шест спортисти, плус нивните тренери, а знамето го развиорија Дарио Ивановски и Мила Рељиќ. Со нас на бродот беа и малубројните експедиции на Луксембург и Мадагаскар.