Спектакуларен огномет на Бурџ Калифа во Дубаи

Во Дубаи доаѓањето на Новата година беше прославено со спектакуларен огномет, светлосни и звучни ефекти, од највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа.

Жителите и многубројните туристи присуствуваа на прославата без ограничувања поради корона вирусот, првпат од почетокот на пандемијата.

Новата година со огномет беше дочекана и во Абу Даби.