
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Карлос Алкараз во финалето на Мастерсот во Синсинати.
Во извонреден спектакл, по голема битка во четири часа на крајот Ѓоковиќ славеше со 2-1, по сетови 5-7, 7-6 (7), 7-6 (4).
На тој начин Србинот дојде до 39-от свој АТП Мастерс и тоа воодушевувајќи ги сите љубители на тенисот со својата волја, мотивација и квалитет на мечот.
Алкараз го доби првиот сет со 5-7, а потоа имаше и меч топка во вториот сет, но Новак Ѓоковиќ на наверојатен начин се врати и го доби вториот сет во тај-брејк, а потоа на еднаков начин го доби и третиот сет за голема победа.
Ѓоковиќ се запиша во историјата на Мастерсот во Синсинати како највозрасен победник со 36 години, со што го урна досегашното најдобро остварување од 1970 година.