
Спасов е еден од младите што се врати во Македонија, ќе биде вештак-проценител
Како што дознава „Фактор“, Спасов пред неколку месеци повторно се вратил во земјата и пред неколку недели ја основал „Про Солутионс Ассет“ како друштво за проценки и вештачења. Ко-основач е Хана Муминовиќ, роднина на поранешниот пратеник и бизнисмен Рафет Муминовиќ.
Диме Спасов, пoранешниот функциoнер во владата на Никола Груевски кој на 28 години стана министер за труд и социјална политика, се врати од странство повторно да живее во Македонија и да работи како проценител
Како што дознава „Фактор“, Спасов пред неколку месеци повторно се вратил во земјата и пред неколку недели ја основал „Про Солутионс Ассет“ како друштво за проценки и вештачења. Ко-основач е Хана Муминовиќ, роднина на поранешниот пратеник и бизнисмен Рафет Муминовиќ.
Спасов на сакаше да даде изјава за „Фактор“, но како што дознаваме, тој пред неколку години минати во странство, е решен самостојно да се испроба со овој занает во својата земја, а во тоа би му помогнало искуството како поранешен референт во Акционерското друштво за стопанисување и изградба на станбени и деловни објекти и како поранешен директор на Агенцијата за Катастар.
Последно што беше напишано за него во медиумите е тоа дека се обидел да менаџира со хотел во Шпанија, што подоцна се испостави како неточна гласина. Дополнителен мотив за неговото враќање се можеби и честите декларации од новата власт дека враќањето на младите во татковината е еден од приоритетите.