„Отворањето на Културниот центарот во Битола и тоа со име на еден учесник или соработник на Хитлер, на фашистичкиот окупатор, за мене е неприфатливо, тоа претставува провокација и нема никако да придонесе кон подобрувањето на односите, ниту ќе ја подобри климата во Бугарија, ниту ќе ја подобри климата во Северна Македонија“. Ова денеска го изјави министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовки.
Спасовски рече дека тие сакаат преку принципиелни разговори да се дојде до решение се со цел да го оствари нашиот национален интерес, а тоа е членството во ЕУ.
„Цврсто стојам на ставот дека нашата земја е никната практично од НОБ и тие придобивки ги почитувам максимално и тоа го прави секој граѓанин заради тоа што борбата против фашизмот во тоа време е придобивка која што сите ние и идните генерации мораме да ја сочуваме, да ја негуваме, тие традиции да ги негуваме се со цел да не ни се врати нешто што навистина беше погубно за целиот свет“ – изјави Спасовски.
Според него, сите политичари треба да се свртат кон иднината и кога ќе носат одлуки да ги носат за идните генерации.