Случајот со нападот на копретседателот на бугарскиот клуб „Шемето“, Бекир Кадриески е расчистен. Полицијата реагираше брзо и ефикасно, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Приведен напаѓачот. Земени се изјави. Пријавата и земањето на изјавата од оштетениот беше во медицинскиот центар. Таму беа полициските службеници. Известен е и јавниот обвинител и по прибирање на сите материјални докази, ќе бидат поднесени пријавите. Така, овој случај е расчистен“, изјави Спасовски.
Бугарски политичари и бугарските медиуми и за овој случај тврдат дека има етничка позадина, омраза, затоа што Кадриески се декларира како граѓанин со бугарска самосвест. Сепак, МВР не информира дали станува збор за нерасчистени сметки или инцидентот има етничка позадина.