Спасовски: Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски го коментираше денешното обраќање на претседателката на земјава, Гордана Сиљановска Давкова во Собранието, при што рече дека таа не понудила визија за иднината на државата.

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски го коментираше денешното обраќање на претседателката на земјава, Гордана Сиљановска Давкова во Собранието, при што рече дека таа не понудила визија за иднината на државата.

Спасовски додаде дека очекувал многу теми во општеството да бидат дел од денешното обраќање на претседателката.

– Морам да кажам дека два дела во обраќањето, кога зборува за Армијата, поддршката на Армијата и поддршката на сите политики што би значеле унапредување на состојбата во Армијата и подобрување на животниот стандард на сите воени и цивилни лица во Армијата, е нешто за што ќе добие поддршка од нас. И второ, поддршката на еднаквите можности, вметнувањето на жените во политиките и така натаму, декларативно е добро како став на претседател на држава. Меѓутоа, очекувам дека таа декларативност преку влијание преку јавно искажан збор ќе биде преточена во политики, истакна Спасовски на прес-конференција во Собранието.

Како што рече, очекувал таа јавно да го осуди носењето на Законот за јавни набавки, со што, според него, се руши транспарентноста и очекува и ја повика да не го потпише овој указ – Закон за јавни набавки.

– Доколку постои каков било предлог за унапредување на евроинтегративните процеси на државата, тој предлог да биде споделен и со парламентарната опозиција и на основа на тоа, заеднички да разговараме, да заземеме соодветни ставови и заеднички да им помогнеме на граѓаните и на државата, порача Спасовски.

Исто така нагласи дека очекувал зборови и за состојбата на економски план за тоа што се случува во моментов и да биде упатена порака и да се предложи начин за решение на проблемите.