Денеска се сеќаваме на 7.144 наши сограѓани, македонските Евреи од Скопје, Битола и Штип, кои пред 77 години беа испратени на пат од кој никогаш не се вратија.
Нивниот најголем грев беше што беа живи, што постоеја, што имаа своја култура, своја традиција.
Беа предвреме оттргнати од своите најблиски, од своите огништа, од својата земја, од своите животи, и станаа жртви на геноцидот.
Никогаш нема да заборавиме.
-Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски