Спасовски се потпиша во Книгата на жалост во Амбасадата на Србија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Амбасадата на Република Србија се потпиша во Книгата на жалост изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите и до целиот српски народ по трагедијата во која малолетник во основно училиште уби и повреди соученици.

– Во овој тежок период со кој се соочува Република Србија сите ние сме сплотени во тагата и сочувството кон семејствата на жртвите. Како соседи и блиски пријатели и во овие тешки мигови сме со вас, а нашите молитви со семејствата на жртвите, напиша Спасовски на својот фејсбук-профил.