Од една страна демек се напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ и „дефакторизираната ДУИ“ а од друга страна секој втор ден некој висок претставник од ВМРО-ДПМНЕ ќе оди во седиштето на ДУИ во Мала Речица, тоа не носи резултат, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски во интервју за Алсат М Телевизија.
Во однос на балансерот, Спасовски рече дека тоа не е прашање за СДСМ туку за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.
– Тие излегоа и рекоа ние го укинуваме балансерот. Па после им требаше поддршка за Законот за реорганизација, седнаа со „дефакторизираната ДУИ“ па рекоа ќе формираме комисија во Собрание, па ДУИ предложи и таа коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го изгласаа. За да чуеме сега од министерот за администрација дека балансерот не се укинува. Тоа зависи од ветувањата односно лагите кои беа кажани пред изборите, рече Спасовски.