Спасовски: Секогаш има обиди некој да саботира полициски акции

„Секогаш има обиди некој да саботира полициски акции, ама верувајте дека МВР како институција и институциите кои работат во системот на спроведување на законот се тие кои го оневозможуваат тоа“.

Ова на Фејсбук го објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

„Секогаш постојат луѓе кои сакаат да бидат сојузници со криминал, нашата задача е да креираме систем кој ќе им се спротивстави. Не можат криминалците да го победат најголемото мнозинство во државата“ – напиша Спасовски на Фејсбук.