„Полицијата го спречи инцидентот. Секој еден граѓанин мора да знае дека мирни треба да бидат протестите“ вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со вчерашниот инцидент на плоштадот „Скендербег“.
Тој замоли никој да не го оправдува вадењето на огнено оружје.
„Погледнете ги видеата кои беа објавени од медиумите и од нас. Еве само една слика ќе ви покажам, зар ова не е некој што интервенира на лице место? Не треба да дојде до ова секако, и за да не дојде до ова секој еден граѓанин треба да знае дека мирни протести мора да бидат. На никого не му е дозволено да вади огнено оружје, немојте да оправдувате вадење на огнено оружје, можеше да дојде до поголеми последици“ – рече Спасовски.
Министерот кажа дека е уапсено е лицето што фрли молотов коктел на Собранието.