Спасовски: Организирањето на 50-тата Европска регионална конференција на Интерпол е еден од најголемите и најважните настани за нас оваа година

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата од Министерството за внатрешни работи за организирање на 50-та Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ, во мај 2023 година во Охрид, напиша мнистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.

Ова е за првпат досега, да се организира ваква конференција на Интерпол во нашата држава, што се совпаѓа со стогодишнината од постоењето на Интерпол, но и триесетгодишнината од зачленувањето на нашата држава во Организацијата на криминалистичка полиција.

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, организацијата и одржувањето на 50-тата Европска регионална конференција на Интерпол го смета за еден од најголемите и најважните настани кои ќе бидат реализирани оваа година, при тоа давајќи приоритет на меѓународната соработка, со акцент на меѓународната полициска соработка, вклучувајќи го одбележувањето одредени јубилеи, поврзани со одржувањето на овој настан, напиша Спасовски.