Спасовски од Вашингтон: Наместо концептот за уназадување, сериозна предност има про-европскиот

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски е во билатерална посета на САД.

Тој во интервју за „Гласот на Америка“ во Вашингтон, зборуваше за престојните мајски избори во Македонија, неговите очекувања и исходот од овие избори за владеачката СДСМ, но и за борбата против корупција и организираниот криминал.

На прашањето дали да се очекува негова кандидатура на престојните претседателски избори. Тој вели дека личните амбиции моментално не се важни и дека за СДСМ е важно да се одбере најдобриот кандидат за претседател и најдобрите кандидати за пратеници.