„Ние како регион припаѓаме во Европската Унија“. Ова за за грчкиот весник „Та неа“ го вели македонскиот министер за внатрешни работи – Оливер Спасовски.
Тој во интервјуто под наслов „Билатерална соработка за безбедносни прашања“ вели дека во сегашните околности, членството во ЕУ е важно не само за Северна Македонија, туку и за целиот регион.
Весникот пишува дека „зајакнувањето на соработката меѓу Скопје и Атина во сите области, меѓу кои и безбедноста и стабилноста е пораката што за време на неговата посета на Грција, ја испрати министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски“.
„Меѓународниот организиран криминал, тероризмот, илегалната миграција претставуваат предизвици кои ги засегаат не само нашите земји, туку и земјите од целиот регион и Европа“ – вели Спасовски.
За важноста на билатералната соработка во сенка на руската инвазија на Украина, истакнува дека е важно да се продолжи и во областа на безбедноста „за стабилноста во регионот“.
„Се договоривме дека ќе имаме размена на информации и податоци на дневна основа со цел заштита на регионот. И двете земји, како членки на НАТО делиме исти вредности и исти можности за зајакнување на нашата соработка со цел стабилност на регионот“ – вели министерот за внатрешни.