Спасовски: Не сум изненаден, ВМРО-ДПМНЕ бега и сака да го одвлече вниманието од важни теми

Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, вели дека целосно ги отфрлил обвинувањата во, како што вели, таканаречениот извештај од Министерството за внатрешни работи за наводна злоупотреба на службена положба и овластувања.

Во изјава за „Локално“, тој рече дека не е изненаден од ваквите методи.

Ништо ново, ВМРО-ДПМНЕ се враќа на сцената. Секој пат јавноста треба да се одвлече од вистинските скандали на власта. ВМРО-ДПМНЕ бега и сака да го одвлече вниманието од важни теми, трагедијата во Кочани, имигрантите, криминалот и лошата економска состојба.

„Да биде јасно, ова е класичен обид за политички прогон, да се одвлече темата од имигрантите и владините скандали“, нагласува пратеникот, додавајќи дека едноставно има лична дилема, дали моите резултати кога бев министер се поважни или мојата посветеност на борбата за вистината како член на опозицијата е проблем.

Министерството за внатрешни работи денес соопшти дека, според кривичната пријава поднесена до Јавното обвинителство во Скопје, додека бил министер, во текот на 2021 година, Спасовски ја злоупотребил својата службена положба и овластување и овозможил на фирма за технички преглед во Сарај, Скопје, да се стекне со противправна материјална корист во вредност од 5,5 милиони денари.

Kривична пријава против Оливер Спасовски за „злоупотреба на службената положба и овластување“