„Нема селективна борба против корупцијата, сите се еднакви пред законот. Не штитиме никого, ниту од коалицијата, никого воопшто, затоа што така штетиме на државата“. Ова на Фејсбук го напиша министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовски.
„Сите институции да ја промениме и борбата и перцепцијата на граѓаните за корупцијата, мораме системски да го менуваме тоа“ – пишува Спасовски.
Како МВР, истакнува Спасовски, имаме многу подобрувања, откривачката дејност за корупција во 2021 е зголемена за 50 проценти во однос на 2020, за 114 случаи со штета од 97.3 милиони денари.