Спасовски: Криминалитетот намален за 8,31 отсто

„Вкупниот криминалитет бележи намалување за 8,31 oтсто“. Ова на својот Фејсбук профил утринава го напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Во периодот јануари – јуни 2022 година, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 10.834 кривични дела. Во однос на истиот период од 2021 година, вкупниот криминалитет бележи намалување за 8,31 oтсто, кое се должи на промените кои се евидентирани во областа на економскиот криминалитет, каде значително е намален бројот на кривичните дела кои се поврзани со непочитување на здравствените прописи во врска со епидемијата“, напиша Спасовски.

Тој додаде дека вкупната направена штета изнесува 122.8 милиони денари.