Министерот за внатрешни рбаопти Оливер Спасовски денеска изјави дека се идентификувани напаѓачите кои со нож прободеле навивач на „Левски“ вчера во чаир и дека се работи на нивно пронаоѓање.
Министерот рече дека возилата со бугарските регистарски таблички кои отишле во Чаир да провоцираат влегле во Македонија во приватна режија, односно без да го користат организираниот превоз за мечот со „Шкупи“ во Скопје.
Од болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје синоќа соопштија дека бугарски државјанин повреден е прободен со ладно оружје во Чаир и се врши операција. Повредени се уште тројца навивачи на Левски. Сите повредени моментално се во стабилна состојба. Избодениот со нож веднаш по инцидентот го посетил и бугарскиот конзул во Скопје, а уште тогаш било потврдено дека животот на 29-годишниот бугарски државјанин е надвор од животна опасност.
– Таму се идентификувани веќе напаѓачите, таму моментално работат колегите, јас очекувам во скоро време да ги имаме детално сите информации, рече Спасовски.
Неговото лично мислење е дека бугарските навивачи се тие кои отишле да направат намерна провокација и да дојде до немири.