Спасовски: Заврши времето кога се штитеа убиствата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека убиствата нема да се бранат.

Тој на својот Фејсбук профил напиша дека треба да се расветлат сите убиства и дека според него поминало времето кога убијците биле заштитени.

„Нема заштита за ниту еден и треба да бидеме на јасно дека заврши времето кога имаше заштита, за убиство на Мартин Нешковски, заштита за низа на убиства коишто се случуваа во тоа време и кога ова министерство за внатрешни работи беше нарекувано со едно друго име“, напиша Спасовски.

Инаку, пред само неколку дена се случи убиство во центарот на Скопје, поточно во кафеаната „Албум Шиша“ каде со огнено оружје од непознати лица беа убиени две млади момчиња.