Се навршуваат 15 години од трагичната смрт на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески, сподели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот фејсбук профил.
„Нека денешниот помен на неизмерниот талент и човечки квалитети што Тоше Проески ги споделуваше со сите, нè потсети на суштината на човековото постоење, за да се обидеме барем малку да му возвратиме за сето она што тој во својот живот го правеше за нас преку својата музика и хуманост – ни даруваше верба, мир и љубов.
Вечен да е споменот на големата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески“ – напиша Спасовски на ФБ.